Кој е брендот McCulloch???

ДАЛИ ЈА ЗНАЕТЕ ПРИКАЗАНТА ЗА БРЕНДОТ McCulloch ???

Историјата на McCulloch се испишува веќе 60 години. Во 1943, бизнисменот Роберт Меккулоч ја основа компанијата McCulloch Motor Company во Висконсин, САД, но неколку години подоцна, истата ја сели во Калифорнија каде за и ја произведува првата моторна пила именувана како 5-49

Во 1949, вобедува револуција во моторните пили и ја представува малата 3-32 пила – првата моторна пила на американскиот пазар наменета за еден човек. Од тогаш на таму, дрво-сечењето никогаш нема да биде исто.

Во 50-тите години, оваа компанија рапидно се развива и надвор од САД, ги освојува светските пазари со нејзините екстра квалитетни производи, а во производната гама воведува и мотори за авиони и мотори за картинг возила.

Во 1968 година, McCulloch повторно воведува уште еден револуционерен производ, а тоа е пилата Power Mac 6, во тоа време, најлесната пила на светот. Тренодт на иновирање продолжува и во годините подоцна, кога на пазарот се појавува популарната Mini Mac, најпродаваната и најдостапната пила во тоа време, во светски рамки. Во исто време, компанијата за прв пат продолжува со производство на електрични пили.

Во 70-тите и 80-тите, McCulloch во својата програма ги додава и тримерите за трева, жива ограда, како и дувалките за лсија со што го заокружува производниот круг и станува лидер во поризводството на машини и опрема за одржување на градини

Во 1999 година, McCulloch e купен од страна на шведската Husqvarna AG, во чии рамки работи и до ден-денес

Денес McCulloch нуди компетна палета на производи наменети за одржување на градини како, моторни пили, косачки, тримери, тракторски косачки и сл. Секој од производите се осликува со висок квалитет и на своите корисници им ја овозможува потребната сила, да ја одработат работата за која истите се првенствено наменети.

Секој еден, кој користел некој од „црно-жолтите“ производи, ги знае нивните квалитети и одлики меѓу кои најповеќе се издвојуваат:

-Моќните мотори

-Напредната технологија

-Ергономијата и леснотијата за работа

-Висококвалитетните, издржливи материјали за изработка

-Широката палета и многуте додатоци

Исто така, производите на McCulloch e премногу лесно да ги набавите. Едноставно обратете се во СИНПЕКС, генералниот застапник за Македонија и информирајте се за бројните поволности што ги нудиме при набавката на сите „црно-жолти“ производи.