Политика за квалитет и животна средина
СИНПЕКС ДОО БИТОЛА е компанија која е целосно посветена на примената на квалитетот и заштитата и управувањето со животната средина како систем на работа и истите се од големо знaчење и се на највисоко ниво. Основната цел на компанијата е да ги задоволи потребите на клиентите и нивните очекувања преку нудење квалитетни производи во областа на продажбата на тонери и кертриџи и сервисирањето на уредите за печатење. Системите за управување со квалитет и животна средина според барањата на стандардите ISO 9001:2018 и ISO 14001:2018 континуирано се надгледуваат и унапредува со цел да бидат исполнети Политиката и целите на компанијата. Високиот степен на Системите за управување со квалитет и животна средина е темел на работењето и постојаното унапредување на компанијата.
##СИНПЕКС ДОО БИТОЛА изјавува дека главната цел на раководството и целиот персонал е давање на квалитетни производи и услуги на своите клиенти што одговара на сите нормативни барања.
##СИНПЕКС ДОО БИТОЛА континуирано ќе го следи степенот на задоволство на клиентите и ќе ги проучува и исполнува нивните препораки, барања и рекламации се со цел истите да ги користи за подобрување на своите производи и услуги.
##СИНПЕКС ДОО БИТОЛА се грижи за долготрајна и квалитетна соработка со своите клиенти, добавувачи и подизведувачи со цел обезбедување на квалитетни производи и услуги.
##СИНПЕКС ДОО БИТОЛА се стреми да одржува тим од висококвалификуван и мотивиран персонал и води сметка за одржување и благопријатен творечки амбиент, пришто секој извршител да биде свесен за важноста на своите дејствија во однос на задоволувањето на барањата на клиентите и просперитетот на фирмата.
##СИНПЕКС ДОО БИТОЛА ќе се грижи за континуиранa обука и едукација на вработените како основна потпора на Системите за управување со квалитет и животна средина.
##СИНПЕКС ДОО БИТОЛА се обврзува на идентификација на корективни и превентивни мерки за постојано унапредување на квалитетот на производите и услугите кои ги нуди.
##СИНПЕКС ДОО БИТОЛА применува процесен период кон создавање и одржување на Системите за управување со квалитет и животна средина и за таа цел извршува идентификација, планирање, воведување, контрола и континуирано подобрување на сите процеси кои имаат влијание врз квалитетот на сите производи и услуги.
##СИНПЕКС ДОО БИТОЛА им гарантира на своите клиенти коректност и максимално исполнување на превземените ангажмани во закажаните рокови.
##СИНПЕКС ДОО БИТОЛА ќе се придржува кон рециклирање на отпадот и намалување на потрошувачката на енергија.
##СИНПЕКС ДОО БИТОЛА ќе врши постојана контрола на своите процеси заради обезбедување на ефикасност на мерките за заштита на животната средина.