Општи одредби

Оваа страницата наменета за електронска трговија www.sinpeks-shop.mk е приватна сопственост на СИНПЕКС доо Битола и цела меѓусебна комуникација и интеракција која се одвива со корисниците треба да биде во согласност со Општите одредби и политиките нормирани од СИНПЕКС доо Битола.

При регистрација на оваа страницата наменета за електронска трговија www.sinpeks-shop.mk со обележување на полето предвидено за таа намена ги прифаќате Општите одредби и политики нормирани од Синпекс доо Битола и со сите релевантни закони на Република Македонија.

СИНПЕКС доо Битола го задржува правото во секој момент, ако смета дека е потребно, да откаже и/или модифицира било што од страницата www.sinpeks-shop.mk и било кој од наведените одредби и/или политики.

Политика за заштита на лични податоци

Ве молиме прочитајте ја нашата Политика за заштита на лични податоци на корисниците и заштита на доверливи податоци.

Политика за достава на производи

Ве молиме прочитајте ја нашата Политика за достава на производи.

Политика за поврат на средства

Ве молиме прочитајте ја нашата Политика за поврат на средства.

Електронска комуникација

Со испраќање на порачка или е-порака, воспоставувате електронска комуникација со нас. Од наша страна ќе добиете повратен одговор преку е-пораки и/или известувањата кои ќе бидат прикажани на веб страницата. СИНПЕКС ДОО Битола овозможува највисока сигурност и безбедност на веб страницата. Меѓутоа, не можеме да гарантираме дека е невозможен пристап на хакери, компјутерски вируси и слично со што и Вие би биле засегнати.

При регистрацијата може да ја одберете можноста за известувања за попусти, акции и нови производи. Доколку сакате да ги добивате нашите електронски магазини, обележете го полето „Се согласувам да добивам бесплатен Е-магазин за промоции и пропусти“. Доколку понатаму не сакате да ги добивате електронските магазини, тоа можете да го сторите со кликнување на линкот кој се појавува на дното од секој испратен е-магазин и гласи „одјави се“.

Вашето корисничко име и лозинка

Одржувањето на приватноста на вашето корисничко име и лозинка при употреба на оваа веб страна е Ваша одговорност, подеднакво како и одржувањето на ограничен влез во Вашиот компјутер и се согласувате да ја превземете одговорноста за сите активности кои ќе се одвиваат со Вашето корисничко име или лозинка.

Коментари, прегледи и друга содржина

Корисниците можат да ги оценат производите, да додадат забелешка или да објават коментар или прашање, се додека содржината на истите не е нелегална, заканувачка, навредлива или може да повреди трети лица. Коментари со политичка содржина, реклами и слично, категоризирано како „spam“ се забранети. СИНПЕКС доо Битола го задржува правото да ги отстрани тие пораки. При користењето на оваа интернет страница СТРОГО се ЗАБРАНУВА секое копирање, дистрибуција, пренос, објавување, поврзување или на друг начин модификација на страницата наменета за електронска трговија www.sinpeks-shop.mk без писмена согласност на СИНПЕКС доо Битола.

Компанијата СИНПЕКС доо Битола нема да биде одговорна за било каква штета што може да резултира од употреба, или за неможноста да ја користите оваа веб-страница. Крајниот корисник експлицитно потврдува дека условите на ова поглавје се применуваат на целата содржина на веб-страница. Во прилог на горенаведените барања, компанијата СИНПЕКС доо Битола нема да биде одговорна, без оглед на причината или траење, за грешки, неточности, или други дефекти, несоодветност или неизвесност, на информациите содржани на овој сајт, како и за било какво одложување или прекин во преносот на информации до крајниот корисник за какви било штети или загуби кои произлегуваат од тоа. Никој од горенаведените нема да биде одговорен за какви било штети или загуби од трети страни, вклучувајќи губење на профит.

Компанијата СИНПЕКС доо Битола не е одговорна за било каква содржина која корисникот може да ја постави на веб страната. Компанија СИНПЕКС доо Битола го задржува правото да модифицира, адаптира, промени, врши бришење или отстранување на било која содржина што се смета дека е несоодветна. Крајниот корисник се согласува да ја обештети, а нема да ја смета одговорна компанија СИНПЕКС доо Битола против сите барања за надомест на штета и трошоци, вклучувајќи правни трошоци, кои можат да произлезат од користењето на веб-страната на крајниот корисник. Компанија СИНПЕКС доо Битола може да го прекине деловниот однос со било која од корисниците во секое време. Компанијата Синпекс доо Битола го задржува правото да ги прекине веднаш било кои лозинки или сметки на Корисникот во случај на несовесно однесување од страна на крајниот корисник.

www.sinpeks-shop.mk е регистриран домен на СИНПЕКС доо Битола.

Опис на производот

СИНПЕКС доо Битола е дистрибутер и за сите описи и слики на производите направен е обид да се опишат најблиску и најточно што може. Сепак, СИНПЕКС ДОО Битола не може да гарантира дека описите на производите се комплетни, точни или без грешки. Доколку производот понуден и добиен од СИНПЕКС ДОО Битола не е во согласност со описот, имате право да го вратите неоштетен и неупотребен.

Цени

Сите цени се изразени во македонски денари со вклучен ДДВ и не ги вклучуваат и трошоците за пакување и дистрибуција. СИНПЕКС доо Битола го задржува правото да ги промени цените без најава во согласност со политиката на компанијата. Корекција на цена нема да се прави при извршена нарачка. Ве молиме прочитајте ја нашата Политика за достава на производи.

Авторски права

Сите содржини на оваа веб страница, како текст, слики, лого, икони, дигитални превземања и софтвер се во сопственост на СИНПЕКС ДОО Битола и секоја употреба на истите за иста или слична дејност се казнува со Закон.

Политики и измени

Ве молиме прочитајте ги нашите политики, поставени на веб страницата. Овие политики исто така нудат одредби кои се однесуваат на посетата на веб страницата. СИНПЕКС ДОО Битола го задржува правото да прави промени на веб страницата, политиките и општите одредби во било кое време.