Политика за поврат на средства
Во случај на неможност за достава на платените производи не по вина на продажното место (на пр. поради несоодветна адреса, немање лице за прием на испорачаните производи, неодговарање на телефонски повици, неточен телефонски број и сл.) СИНПЕКС доо Битола се обврзува да ги врати средствата на трансакциска сметка на уплатувачот во рок од 7 дена од денот на утврдување на дефинитивна неможност за достава, намалени за трошоците за достава и враќање на производите во СИНПЕКС доо Битола. Во случај кога не е направена достава на платените производи по вина на продажното место по истекот на 48 часа од крајниот рок за достава, СИНПЕКС доо Битола се обврзува да ги врати уплатените средства на трансакциска сметка на уплатувачот во рок од 3 работни дена.
Во случај кога доставениот производ не е во согласност со описот поставен на интернет страницата, се постапува согласно писмени упатства на купувачот кој може да побара поврат на уплатените средства во рокови наведени во горниот став, или да добие процентуален попуст кој не може да надмине 10% од вредноста на погрешно доставениот производ/производи. Во случај на повлекување на корисникот на картичката од трансакцијата пред достава на производот, по добивање на писменото известување СИНПЕКС доо Битола ќе ги врати уплатените средства намалени за процентот на провизија за секоја трансакција согласно правилникот на НЛБ Банка АД Скопје. Во случај на повлекување на корисникот на картичката од трансакцијата по уредна достава на производот, СИНПЕКС доо Битола откако ќе добие писмено известување од купувачот и откако ќе изврши квалитативен и квантитативен преглед на производите кои се враќаат (истите треба да се неотворени, амбалажно неоштетени, ниту со намалени квалитативни својства по ниедна основа), компанијата ќе ги врати уплатените средства намалени за процентот на провизија за секоја трансакција согласно правилникот на НЛБ Банка АД Скопје плус трошоците за достава на производот и други трошоци кои евентуално можат да произлезат во секој конкретен случај.