ДОАЃА ТИВКА (И ЧИСТА) ИДНИНА!

Од своето постоење, шведската Husqvarna важи за една од најиновативните компании воопшто. Многупати низ историјата била предводник на нови трендови, а освен моторни пили, косачки и моторцикли произведувала и велисипеди, оружје, машини за шиење...Верувале или не, Husqvarna е создавач и на првата микробранова печка за домаќинства.

Во последните неколку години, Husqvarna работење интензивно на создавање на гама батериски производи кои ќе имаат исти перформанси како производите со мотори со внатрешно согорување, но ќе бидат поеколошки и попријателски настроени кон околината.

Главните придобивки од батериските производи се следниве:

  • Не ја вознемируваат средината по ни еден основ. Не испуштаат бука, не испуштаат гас, немаат испарувања. Максимално се еколошки и имаат минимални влијанија на околината.
  • Работат долго благодарение на Li-ion батериите и SAVE функција за заштеда на батеријата која може да ja активирате кога сакате да го максимизирате времето на работа
  • Испорачуваат високи перформанси благодарение на индукциските E-TORQ мотори кои се дизајнирани да испорачуваат високи и константни резултати при најспецифичните задачи, без никакво одржување
  • Сите батериски машини може да користат една батерија од BLi програмата која се полни екстремно брзо и ќе биде спремна за користење пред да заврши вашата пауза за ручек

Комплетната гама на батериски призводи како пили, косачки, тримери и тримери за жива ограда, како и галантерија за истите како полначи, батерии и потрошен материјал, може да ги најдете во СИНПЕКС или кај дилерската мрежа ширум Македонија.